Организација на резервни офицери на Република Македонија
Топ вести
ПОЧИТ КОН БРАНИТЕЛИТЕ
31/05/2016

Извршниот одбор на ООЕ на ОРОРМ Куманово, по повод 15 – годишнината од воениот конфликт во Македонија во 2001 година организира трибина и им оддаде почит на загинатите бранители. На трибината што се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ присуствуваа: претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, претседателот на ОРОРМ, проф.д-р Ѓорѓи Малковски, бранители од војната, членови на семејствата на загинатите, припадници на Армијата на Република Македонија (Здружена оперативна команда, Резервни сили и Командата на 1 пешадиски баталјон од 1.мпбр), Секторот за внатрешни работи, резервни официри, локалната самоуправа, Здружението на бранители, воени инвалиди, наставници и ученици од СОУ „Гоце Делчев“, политички партии и други.

Прв на присутните им се обрати  претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, при што, меѓу другото, им изрази сочуство на семејствата на загинатите бранители. Потоа, пригодно излагање имаше полковник Велин Стојановски кој ги објасни операците на нашите безбедносни сили во Кумановскиот регион.

Учесниците на трибината ги поздрави и претседателот на Извршниот одбор на ООЕ на ОРОРМ Куманово, Синиша Богдановски, кој истакна дека учеството на бранителите во војната е дело и карактеристика на големи и храбри луѓе. Треба да бидеме горди на хероите од Куманово кои оставија траен белег во новата историја на Македонија.

Претседателот на  Организацијата на резервните офицери на Република Македонија, проф. д-р Ѓорѓи Малковски, на трибината зборуваше за создавањето на македонската држава и проблемите со кои се сооучувала во периодот пред воениот конфликт, пти што, нагласи дека  македонските безбедносни сили совесно и професионално  се справиле со вооружените групи.

Потоа следуваше читање на литературни творби посветени на нашите бранители од 2001 година од страна на ученици од СОУ Гиманзија „Гоце Делчев“.

На крајот на трибината, на членовите на семејствата на загинатите бранители од Куманово, им беа доделени признанија. Вакви признанија им беа доделени и на 50-ина припадници на безбедносните сили за нивниот придонес во одбраната на Р.Македноија.

            Во завршниот дел, со музички настап се претставија Градскиот детски хор со изведба на химната на Р.Македонија и со две музички нумери, како и ученици од СОУ  Гимназијата „Гоце Делчев“.

Активности
14/10/2017
ООЕ на ОРОРМ Куманово во периодот од 13.октомври до 15.октомври 2017 година, беше во посета на Сојузот на резервни офцери и подофицери од Краљево...