Организација на резервни офицери на Република Македонија
Топ вести
Потпишана Повелба за соработка
23/04/2016

ООЕ на ОРОРМ Тетово од 23-ти до 24-ти април 2016 година беше во посета на Крагуевац при што беше остварена работна средба со организацијата на воените старешини од Крагуевац.

Осумте резервни офицери членови на ООЕ на ОРОРМ Тетово, на кои им се приклучија  претседателот на ОРОРМ проф. д-р Ѓорѓи Малковски и претставникот во Собранието на ОРОРМ од Куманово Синиша Богдановски, во  Крагуевац беа пречекани од претседателот на градската организација на резервни воени старешини г-дин Петар Дрманац. По пристигнувањето и пречекот, во просториите на организацијата на резервните воени старешини од Крагујевац се оствари работен состанок на кој присуствуваа: претседателот на резервните воени старешини од Крагуевац  Петар Дрманац, претседателот  на борците за шумадискиот регион  полковник Желко Зиројевиќ, генералниот секретар на Републичката организација на воени старешини на Србија г-дин Драган Ќирковиќ и секретарот на организацијата на воени старешини на Крагуевац Зоран Савиќ. Генералниот секретар Драган Ќирковиќ во име на Републичкиот претседател на резервните воени старешини на Србија ги поздрави присутните извинувајќи се и за неговата спреченост да присуствува на предвидените активности. Состанокот помина во пријатна атмосвера со размена на меѓусебни досегашни искуства на организациите. Исто така беше презентирана дводневната агенда на активности. Во 10,00 часот во општинската зграда на Крагуевац беше остварена средба со г-дин Едис Дургутовиќ помошник за организации и здруженија како и со Драган Боиќ претседател на здружението на ратни воени инвалиди и на семејства на погинати борци. Во 10,30 часот пред присутни гости се помина на свечениот дел,  потпишување на Повелба за збратимување на организациите од Крагуевац и Тетово. Свечениот дел започна со  интонирање на  химните на Македонија и Србија и беше оддадена почит со едно минутно молчење на сите погинати и починати резервни офицери од Република Македонија и Република Србија. Пред потпишувањето на Повелбата на присутните со пригодни говори им се обратија: Драган Ќирковиќ генерален секретар на Републичката организација на воени старешини на Република Србија, проф. д-р Ѓорѓи Малковски, претседател на ОРОРМ, г-дин Желјко Зиројевиќ претседател на СУБНОР за Шумадискиот Регион, Драган Боиќ претседател на ратните воени инвалиди и на семејствата на паднатите борци за  Крагуевац. Потоа се помина на потпишување на Повелбата од страна на претседателите на општинските организации, Петар Дрманац и Зоран Кировски. По потпишувањето на Повелбата на присутните им се обратија претседателот на организацијата на воените старешини  на Крагуевац, Петар Дрманац и претседателот на ООЕ на ОРОРМ Тетово, Зоран Кировски. За време на престојот во Крагуевац беше остварена посета на: музејот на фабриката за оружје  ЗАСТАВА од Крагујевац, спомен паркот  Шумарице, спомен обележјето за патот на 1300 каплари од првата светска војна (кои посетувале настава   во Скопје и само после два месеци школување биле испратени на фронт) пред кое беше положено свежо цвеќе од страна на делегација предводена од претседателот проф. д-р Ѓорѓи Малковски и делегација од домаќините и музејот на династијата Караѓорѓевиќ во Топола,Опленац.

На крајот од престојот во Крагуевац беа разменети меѓусебни подароци.

Активности
14/10/2017
ООЕ на ОРОРМ Куманово во периодот од 13.октомври до 15.октомври 2017 година, беше во посета на Сојузот на резервни офцери и подофицери од Краљево...