Организација на резервни офицери на Република Македонија
Топ вести
Гаѓање со ПМ 7,9 мм
16/04/2016

Во рамките на Програмата за обука на Организацијата на резервните офицери на Република Македонија, на 16-ти април на стрелиштето на АРМ во Стенковец, се изведе подготвително гаѓање на реден број еден со ПМ 7.9 мм М-53.

На гаѓањето учествуваа 50 резервни офицери и подофицери членови на ОРОРМ од следните Општински организациони единици: Скопје, Тетово, Прилеп, Свети Николе, Пробиштип, Куманово, Кратово и Виница.

На почетокот на активноста претседателот на ОРОРМ, проф. д-р Ѓорѓи Малковски, ги поздрави присутните, при што им укажа на значењето и сериозноста на гаѓањето со овој вид на оружје и истовремено им посака успешно и безбедно реализирање на гаѓањето.

По обраќањето на претседателот на ОРОРМ, од страна на лицата од АРМ (раководител на гаѓањето капетан Николчо Јованов, помошник на раководителот наредник Сашо Тошевски, постар водник прва класа Симе Станојковски, постар водник прва класа Александар Петрески, постар водник прва класа Зоран Димоски, постар водник Сашо Пауновиќ и постар водник Гордан тасевски)  задолжени за реализација на гаѓањето беше одржана обука и изнесени мерките за безбедност при гаѓањето.

На гаѓањето беа постигнати многу добри и одлични резултати, така што од 50 учесници 2/3 беа оценети со поминал а 1/3 со надминал стандард.

За успешното реализирање на гаѓањето голем придонес имаше Полкот за специјални операции чиј командант е полковникот Орце Јордев.

Активности
14/10/2017
ООЕ на ОРОРМ Куманово во периодот од 13.октомври до 15.октомври 2017 година, беше во посета на Сојузот на резервни офцери и подофицери од Краљево...