Организација на резервни офицери на Република Македонија
Топ вести
Свечена академија
29/04/2022

На 29. април 2022 година ОРОРСМ го одбележа Јубилејот 70-години од формирањето, 1952-2022.

Одбележувањето на Јубилејот се реализира во два дела, во 16.00 часот во Домот на Армијата се одржа седница на Собранието во проширен состав со работен и свечен дел, а во 19.00 часот се одржа ЈУБИЛЕЈНАТА АКАДЕМИЈА 70-ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ОРОРСМ.

На седницата на Собранието во работниот дел се усвоија Извештаите за работа и финансирање во 2021 година и Програмите за работа и финансирање во 2022 година и беше донесена Одлуката за доделување Признанија по повод Јубилејот.

На свечениот дел, свое обраќање имаше претседателот на Организацијата д-р Гоце Георгиев, а потоа се пристапи кон доделување на признанија на заслужни и истакнати активисти како и соработнци на ОРОРСМ.

Во оваа пригода Плакета на ОРОРСМ се додели на: претседателот д-р Гоце Георгиев, потпретседателот Љупчо Вуксанов, секретарот Никица Бангиева, Државниот секретар Драган Николиќ, Организацијата на резервни офицери на Република Словенија и Организацијата на рзервни офицери на Република Албанија, а плакетата посветена за д-р Тони Петрески ќе биде доделена постхумно.

Мала плакета и значки, се доделија на членовите на Собранието и на активисти кои дале допринос во работата и развојот на Организацијата.

Во 19.00 часот, во Концертната сала на Домот на Армијата се одржа Јубилејната академија, на која по интонирањето на химната, преседателот д-р Гоце Георгиев ги поздрави присутните гости и членови на Организацијата и одржа свечен говор, а по читањето на Одлуката за доделување на признанија,од секретарот Никица Бангиева, се доделија Големи плакети на министерката за одбрана, Славјанка Петровска, Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, во име на Претседателот Стево Пендаровски, плакетата ја прими советникот за национална безбедност на Претседателот, Блерим Кољали и на GAMINGER INICIJATIVATA, која ја прими бригадниот-генерал Мартин Југовец.

По доделуваето на плакетите, се прочитаа телеграмите со поздравни говори и честитки, од Меѓусојузничката конфедерација на резервни офицери (CIOR) и Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.

По читањето на телеграмите, министерката за одбрана Славјанка Петровска ги поздрави присутните гости и резервни офицери и оддржа пригоден говор по повод Јубилејот, 70-години од формирањето на Организацијата.

Активности
14/05/2022
На14.мај 2022 година, ОРОРСМ врз основа на Програмата за обука на резервните офицери и резервните подофицери реализира гаѓање со АП 7,62 мм ...