Работен состанок со министерката за одбрана
На 8. февруари раководството на ОРОРСМ, Гоце Георгиев-претседател, Љупчо Вуксанов-потпретседател и Тони Петрески-член на Извршниот одбор, претставник од Министерството за одбрана, оствари работна средба со министерката за одбрана, Славјанка Петровска и државниот секретар Драган Николиќ.
На работната средба министерката беше информирана за реализираните
активности во 2021 година; Програмските активности за 2022 година; приемот на
Организацијата во CIOR како полноправна членка и Јубилејот 70 години од
постоењето на ОРОРСМ 1952-2022 година