Организација на резервни офицери на Република Македонија
Топ вести
Девета седница на Собранието на ОРОРСМ, на која покрај останатите документи се усвои новиот Статут на Организацијата
09/03/2020

Во фокусот на вниманието на деветтата седница на Собранието на ОРОРСМ што се одржа на 9. Март во Скопје, а со која раководеше претседавачот Љупчо Вуклсанов, беа поголем број актуелни прашања.

            На овој работен договор на највисокиот орган на Организацијата, беа усвоени повеќе документи, меѓу кои: Извештај за работата на ОРОРСМ во 2019 година; Програма за работа и Програма за обука во 2020; Статут на Организацијата; Извештај за материјално-финансиското работење во 2019 година.

            Во Извештајот за работата во 2019 година е констатирано дека се остварени респективни резултати во обуката. (Во вкупните активности во обуката, негувањето на слободарските традиции и во меѓународните активности учествувале 1358 резервни офицери и подофицери). Овие резултати пред се произлегуваат од успешната соработка со МО и ГШ на АРСМ и одговорниот однос на раководставата на ООЕ, како и на Извршниот одбор на ОРОРСМ.

            Во однос на новиот Статут на Организацијата, беше оценето дека по десетина години, се усвојува современ Статут како основен документ за работата со кои се уредуваат сите битни прашања за Организацијата. Со Статутот целосно се уредува соработката со МО, ГШ на АРСМ и неговите команди, посебно со Командата на резервните сили.

Практично е воспоставена редовна и треанспарентна соработка со МО и ГШ на АРСМ. Потврда на ова е и фактот што претставник на МО е член на Собранието и на Извршниот одбор и редовно учествува во работата на седниците на овие органи, а ги следи и позначајните активности на Организацијата на национално и на регионално ниво.

Претставникот на МО, д-р Тони Петрески (раководител на Секторот за Цивилно воена соработка) учествувајќи во работата на седницата ја нагласи потребата од рационално и наменско трошење на доделените финансиски средства од страна на МО и позитивно ја оцени работата на Комисијата за статутарни, организациони и кадровски прашања во подготовките на текстот на новиот Статут. Покрај ова, се заложи за поголема родова и национална застапеност во органите и телата на Организацијата.

Едно од позначајните прашања во Статутот е ограничувањето на мандатот на претседателот на ОРОРСМ на две години со можност да биде избран уште еден мандат, за разлика од поранешното решение кога тој се избираше на четири години и со можност да биде избиран и натаму на неопределен број мандати.

Собранието усвои Кодекс на однесување на членовите  на Организацијата, а формира и Суд на честа.

На седницата е усвоена и Одлука со која во ОРОРСМ се распишуваат редновни избори кои ќе се одржат од 1. ноември до 15. декември 2020 година

Активности
04/05/2020
Делегација на ОРОРСМ предводена од претседателкот д-р Гоце Георгиев на 4. мај 2020 година положи свеѓо цвеќе пред спомен бистата на великанот Гоце Делчев...