Организација на резервни офицери на Република Македонија
Топ вести
РАКОВОДСТВОТО НА ОРОРСМ НА РАБОТНА СРЕДБА КАЈ МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА
15/10/2019

 На 15.октомври 2019 година, претседателот д-р Гоце Георгиев и потпретседателот Љупчо Вуксанов, беа примени на работна средба во Министерството за одбрана, од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и државниот секретар, Драган Николиќ.

Раководството на ОРОРСМ ја информира минстерката за преземените активности на новиот Извршен одбор за периодот март-октомври 2019 година, после изгласаната недоверба на претходниот состав и поранешниот претседател и нивното несоодветно постапување и раководење со Организацијата, како и за утврдените слабости и менаџирање со националната асоцијација.

Раководството ја презентираше новата методологија за менаџирање и за предизвиците пред кои во иднина ќе биде исправена националната асоцијација, за реформските процеси и перспективите, како значен субјект на одбрнбениот систем. Беше потенцирано дека со програмите за работа ќе бидеме интегрирани и синхронизирани во долгорочниот план за развој на одбраната и целосно  спроведување на задачите, што произлегуваат од утврдениот Концепт на резервните сили.

Посебен акцент беше ставен и на меѓународната соработка и  финансиската поддршка на асоцијацијата.

Раководството на ОРОРСМ истакна дека во иднина комуникациите ќе бидат интензивирани и редовни со раководството на МО и ГШ на АРСМ и со другите институции што вршат дејност за заштита и спасување и управување со кризите.

Министерката за одбрана ги поздрави реформските процеси во Организацијата и насочи, целосно да се реализираат сите програмски задачи утврдени со Јавното овластување за вршење дејност од областа на одбраната на Асоцијацијата. Истакна дека во иднина Министерството за одбрана ќе дава целосна поддршка при вршењето на обуката и едукацијата на резервните офицери, согласано програмските определби и програми за обука на НАТО.

Активности
13/11/2019
По повод 13. ноември Денот на ослободувањето на Скопје 1944 година, пред споменикот на ослободителите со полагање на свежо цвеќе...