Работен состанок со министерката за одбрана
На 12. февруари 2021 година, делегација на Органиацијата на резервни офицери на Република Северна Македонија, во соств: д-р Гоце Георгиев-претседател, Љупчо Вуксанов-потпретседател, Никица Бангиева-секретар и д-р Тони Петрески-член на Извршниот одбор, претставник од Министрството за одбрана, оствари работна средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска на која писуствуваше и државниот секретар, Драган Николич.
На состанокот се разговараше за:
- реализраните активности во 2020 година,
- активностите во 2021 година и
- меѓународните активности во 2021 година.
На крај, делегацијата на ОРОРСМ, изрази голема благодарност до министерката за одбрана Радмила Шекеринска за разбирањето и поддршката на Програмските активности на ОРОРСМ.