Организација на резервни офицери на Република Македонија
Топ вести
ЈАЗИЧНА ЕДУКАЦИЈА
18/07/2016

Во организација на CIOR, во малото градче Мурасте, во непосредна близина на Талин, Р.Естонија, се одржа 17. Јазична академија како меѓународна институционална форма за едукација на резервните офицери. Основната цел на Академијата, која се организира традиционално од 2000 година, е со изучувањето на англискиот и на францускиот јазик да се подигне на повисоко ниво комуникацијата во CIOR-НАТО. На овој начин се овозможува развивање на говорните вештини, на способностите за интерактивна комуникација и правилно пишување со посебен акцент на воената терминологија.

            На оваа меѓународна јазична едукација, на која годинава учествуваа 63 резервни офицери од 13 национални асоцијации на: Македонија, Бугарија, Финска, Полска, Шпанија, Грузија, Украина, Албанија, Холандија, Франција, Велика Британија, САД и Естонија, постоеја три нивоа на изучување на англискиот и на францускиот јазик, а ОРОРМ ја претставуваа: резервните потпоручници д-р Гоце Георгиев од Виница и м-р Ристе Панов од Свети Николе. Тие, како учесници на напредното ниво на изучување на англискиот јазик, остварија одлични резултати. Во рамките на програмата, учесниците на ОРОРМ ги посети амбасадорот на Р.Македонија во Естонија, Сашо Вељановски, кој заедно со нив оствари средба со директорот на Јазичната академија, морнаричкиот офицер на САД Дејвид Епстен. Во оваа пригода, тој беше информиран за значењето на Академијата и на CIOR. Во кусиот разговор по завршувањето на Јазичната академија, нашите учесници искажаа пофални оценки за организацијата и примената на најсовремени методи во едукацијата. Притоа, тие сугерираа дека би било добро да се согледаат реалните можности, Академијата да трае 20-ина дена, а ОРОРМ да биде претставена со поголем број млади резервни офицери или подофицери.

 

Активности
14/10/2017
ООЕ на ОРОРМ Куманово во периодот од 13.октомври до 15.октомври 2017 година, беше во посета на Сојузот на резервни офцери и подофицери од Краљево...