ОРГАНИЗАЦИЈА НА РЕЗЕРВНИ ОФИЦЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОРОРСМ е непартиска и непрофитна организација, основана во 1952 година.
Во ОРОРСМ актуелно членуваат околу 4.700 членови на доброволна и волонтерска основа.
Организираност
-Највисок органа на ОРОРСМ е Собранието на организацијата, во кој свои претставници имаат сите 23 општински организациони единица од целата држава.
-Собранието избира претседател, потпретседател, секретар и Извршен одбор на Организацијата како извршно оперативно тело, за период од 4 години. Во Извршниот одбор членува и постојан претставник од МО, а во работата учествува и претставник од ГШ на АРМ.
-Извршниот одбор формира оперативни комисии (Комисија за обука, Комисија за меѓународна соработка и други работни тела). Исто така се формираат и две секции, Секција на резервни медицинари со 400 члена и Секција на резервни офицери-жени со 200 члена.
- ОРОРСM главната финансиска подршка за функционирање ја добива од МО, и има овластување за извршување на работи од јавен интерес во областа на одбраната и безбедноста.
-По извршената реорганизација, бројот на активно вработените лица во ОРОРСМ е намален од 12 на 3 лица.
Активности
Согласно годишниот план за работа, одобрен и од МО и ГШ на АРМ, ОРОРСМ ги спроведува следните активности:
-Обука на резервните офицери во гаѓање, тактички постапки, движење по азимут, медицинска обука, спортски напревари, маршевање, јазична обука, изучување на традициите и минатото на државата, обука за CIMIK доктрината, запознавање со улогата, организацијата и мисиите на НАТО и друго. Исто така спроведува активности за меѓународна соработка со ОРО од регионот и останатите членки на CIOR при НАТО.
-Организира јавни трибини и работилници за согледување на местото и улогата на ОРОРСМ, во услови на професионализација на Армијата.
- Со својата богата меѓународна активност, ОРОРСМ во август 2005 година на Конгресот на CIOR во Гент-Белгија, заслужно го доби статусот на придружна-асоцијативна членка на CIOR.
-Во изминатите две години, по изгласувањето на новиот претседател и раководните тела, се извршени промени во организациската поставеност, со цел поголема ефикасност и функционалност на Организацијата, како и за да се овозможи подмладување на ОРО со нови членови.
-Покрај континуираната соработка со МО и АРМ, во изминатите две години се потпишани Меморандуми за соработка со владините организации, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Исто така се остварува и соработка со голем број здруженија на граѓани и невладини организации, како што е Сојузот на борците од антифашистичката борба во II-та Светска војна, но и со локалната самоуправа и други.